Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал повторно е во криза. Европскиот шампион по домашниот пораз од 0:2 од Сосиједад речиси е елиминиран од битката за титутлата бидејќи зад најголемиот ривал Барселона, заостанува дури 10 бодови.
Едуардо Инда, уредник на ОКДиарија, во популарната телевизиска емисија „Ел Чирингуито“ откри дека тимот имал бурен состанок во вторникот во тренинг-центарот на Реал.
Најмногу со своите говори се истакнале најискусните Лука Модриќ, капитенот Серхио Рамос и Карим Бензема. Како што се наведува викале на соиграчите и им порачале дека е крајно време сите да станат сериозни. Додале и дека мора да се задржи единството во тимот бидејќи во спротивно и натаму ќе „губам и ќе излегуваат будали на теренот“.
Најсамокритичен беше Бразилецот, Марсело кој призна пред сите дека е далеку од вистинска форма и презеде голема вина на себе, особено за лошата игра во дефанзивата.
Говорот на Модриќ, Рамос и Бензема траел 25 минути, а на крајот е заклучено дека до крајот на сезоната мораат со играта и борбеноста да го оправдаат дресот кој го носат.
„Кој не може, веднаш нека го напушти клубот“, беше пораката на предводниците на Реал.