Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид го надигра Алавес во 25. коло од шпанската Ла Лига славејќи на домашен терен со убедливи 4:0.
„Кралевите“ играат се подобро во последно време, а вечерва на „Сантијаго Бернабе“ лесно стигнаа до триумф над Алавес.
Гостите одолеваа до 44. минута кога Кристијано Роналдо го отвори резултатот, а во продолжение следуваа уште три гола во мрежата на Алавес.
Бејл веднаш на стартот на вториот дел зголеми на 2:0, Роналдо во 61. минута го постигна третиот погодок, а конечниот резултат го постави Карим Бензема од пенал во 89. минута од средбата.
Кристијано Роналдо полека влегува во посакуваниот ритам и со денешните два гола стигна до бројката од 12 постигнати погодоци во последните седум натпревари.