Се редат понуди за Манџукиќ: Германски гигант со интерес за Хрватот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пишува „Скај Спорт Италија“ од редовите на Борусија Дортмунд испратиле официјална понуда до Јувентус за услугите на Марио Манџукиќ.

По одличните настапи на Мундијалот во Русија, за Манџукиќ веќе почнаа да се редат многу понуди.

Сепак, од Јувентус, наводно ја одбиле понудата од Борусија Дортмунд со образложение дека е премногу ниска.

За Хрватот постои интерес и од Манчестер Јунајтед, а по пристигнувањето на Роналдо во Торино, Манџукиќ веројатно ќе си замине ова лето.