Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Новак беше поразен во ¼-финале во Акапулко од Кирјос, а по натпреварот не беше расположен за разговор со новинарите.
Ѓоковиќ беше лут по натпреварот со Кирјос, а очекуваше барем финале во Акапулко, но мораше да го напушти турнирот по ¼-финалето.
Тој во изјава за медиумите кратко зборуваше.
„Му честитам на Ник, беше одличен и одлично сервираше. Јас не се чувствував најдобро.“
Следуваат 2 важни мастерси за Ѓоковиќ, прв е во Индијан Велс, а вториот во Мајами, а потоа следи и дуел со Шпанија во Дејвис купот.
Новак ги брани 2-та турнири, па ќе изгуби бодови ако не ги освои.