Се што е убаво има крај: Капитенот заминува од Челси


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    „Сините“ нема да ја продолжат соработката со капитенот, пренесуваат медиумите.

    Тери има договор со Челси до почетокот на летото наредната година и тоа ќе биде крај на една голема приказна.

    Ќе видиме дали ќе заврши среќно, услов е Челси да освои барем некој трофеј. Останаа во игра уште на два фронтови, ПЛ, каде лидери се по 13 кола и во најстарото натпреварување во светот – ФА купот.

    Во договорот помеѓу Конте и управата на Челси одлучено е Тери да не добие нов договор.

    Неговите 36 години, неделната плата од 140 илјади фунти и слабоста на повреди кои не му дозволуваат да се врати во натпреварувачки ритам се дел од причините. Освен тоа, Конте верува во Зума, кој наскоро би требало да се врати во тимот по долгата и тешка повреда.

    Џон Тери своите последни фудбалски денови најверојатно ќе го помине во Кина, односно Шангај Шехуа веќе тргнаа во акција по него. Се зборува за сума од 12 милиони фунти за сезона, а во случај да се согласи тој ќе соработува со поранешниот соиграч Гус Појет.

    Освен оваа понуда, за Тери има интерес од МЛС лигата, Турција и Блискиот исток.

    Инаку, Тери оваа година ја игра 19-та сезона во Челси, досега одигра 710 официјални натпревари, постигна 66 голови и освои 16 трофеи.