Сидорф и Клајверт заедно на клупата на една африканска селекција


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кларенс Сидорф е назначен за нов предводник на репрезентацијата на Камерун. Ова денес го потврди првиот човек на фудбалската федерација на оваа земја.

На Сидорф асистент ќе му биде уште еден прославен поранешен фудбалер, Патрик Клајверт. Клајверт му беше асистент на Луи Ван Гал на Светското првенство во 2014 година на клупата на Холандија.

Камерун беше без селектор уште од февруари кога Хуго Брос си замина од позицијата по крајот на неговиот договор.

Последен тренерски ангажман на Кларенс Сидорф беше во Депортиво Ла Куруња, тим кој го зеде пред крајот на сезоната, но не успеа да го спаси од испаѓање во Ла Лига 2.