Силва (не)намерно го издаде Бразилецот: Нејмар ќе се пресели во Реал Мадрид?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се погласни се приказните за можниот трансфер на Нејмар од ПСЖ и некои играчи на овој клуб се свесни дека и тоа е возможно.

Бразилскиот стопер Силва, соиграчот на Нејмар од репрезентацијата и клубот, не можеше да сокрие дека Нејмар во лето би можел да го напушти ПСЖ.

Според неговите зборови, постои можност Нејмар да премине во Реал Мадрид.

„Не знам дали ќе замине во Реал Мадрид и не смеам ништо да ви кажам, но постојат приказни во медиумите, кои се вистина. Не можам многу да зборувам, но би сакал да остане во ПСЖ“, вели тој.