Симболична санкција за германскиот стратег, Јирген Клоп: Вака не се толерира ниту прослава за погодок…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денес ја дозна својата казна за непримерното славење на победничкиот погодок во дербито со Евертон.

Неговиот тим во шестата минута од продолжението дојде до победа од 1:0 благодарение на чудниот погодк на Ориги, по кој германскиот тренер во налет на емоции истрча на теренот и славеше со голманот Алисон.

ФА покрена истрага против Клоп и заклучи дека менаџерот на Ливерпул не смеел да го прослави голот на тој начин, па на крајот е казнет со 8000 фунти.

За Клоп, кој е еден од најдобрите платени тренери во Англија, таа казна е симболична и веројатно поради тоа нема многу да се загрижи.

Јирген Клоп има право на жалба, но веќе претходно изјави дека ќе ја прифати казната која ќе ја одреди Фудбалскиот сојуз на Англија.