Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Атлетико Мадрид вечерва се поразени на гостувањето против Баерн (1:0) во последниот меч од групната фаза од ЛШ.
За Атлетико ова беше прв пораз во оваа сезона во ЛШ, но сеедно завршија на првата позиција во групата Е.
Диего Симеоне најави дека неговиот тим вечерва ќе оди на победа, но на крајот тоа не се случи.
„Баерн беше многу подобар од нас, посебно во второто полувреме. Беа доминантен тим и заслужено победија. Остваривме добри резултати пред овој меч па притисокот беше помал. Сепак, секој пораз е болен“, рече Симеоне.
Мадридскиот тим во групната фаза освои 15 бодови и заслужено е прв, додека Баварците во нокаут фазата одат од втората позиција.