Симеоне рече не на Интер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Симеоне најверојатно реши да остане во Алтетико Мадрид уште некоја сезона па со оглед на тоа Интер ќе треба да чека.

Чоло е голема желба на Интер, тој изјави дека еден ден сака да го води Интер, и одтогаш тој е примарна цел во Интер.

Тој има договор со Атлетико до 2018, но Интерашите после таква изјава добија надеж дека тој ќе го раскине договорот и ќе дојде во Интер.

Но медиумите во Шпанија известуваат дека Симеоне наскоро ќе потпише нов договор со Атлетико.

Со оглед на тоа Интер ќе мора да бара друг излез, Пиоли ќе замине доколку не успее да се квалификува за ЛШ, а желба на првите луѓе на Интер е тренерот на Челси, Антонио Конте.