Симоновски кариерата ја продолжува во Романија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


По успешната авантура во редовите на финскиот прволигаш Лахти, македонскиот интернационалец Марко Симоновски својата кариера ќе ја продолжи во најсилната лига на Романија, во тимот на Сепси.

Сепси се наоѓа на 13. позиција во романскиот шампионат и до крајот грчевито ќе се бори за опстанок во романската Лига 1.

Во тимот на Сепси стандарден е уште еден македонски интернационалец. Од минатото лето во романскиот тим настапува Милован Петровиќ како позајмен фудбалер од редовите на Осиек. Петровиќ ги има одиграно сите натпревари по неговото пристигнување во Романија и незаменлив во средината на теренот.

Од Сепси се надеваат дека Симоновски ќе ги повтори игрите од дресот на Лахти каде на 32 натпревари постигна вкупно 15 погодоци.