Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Симон Мињоле, мистериозно е отстранет од составот на Ливерпул, па така се подгреа шпекулациите дека тој би можел да биде новото голманско име во Наполи.
Како пренесуваат Италијанските медиуми, на крајот Наполи ќе се согласи да го пушти Пепе Реина во ПСЖ, а 35-годишниот голман, во новиот клуб ќе заработува по 3.5 милиони годишно, договорот би му траел три години.
Времето претставува проблем за Наполи, кој што бара достојна замена за шпанскиот голман.
Мистериозното исчезнување од составот на Ливерпул, за денешниот натпревар против арсенал, ги подгреа шпекулациите дека Мињоле би можел да го напушти „Енфилд“.
Изворите блиску до клубот велат дека белгискиот голман не е повреден и не знае зошто е изоставен од тимот.
Ова не е прв пат тимот од Неапол да се поврзува со Мињоле, тие го сакаа голманот уште од времето кога тој беше член на Сандерленд.