Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синот на Роналдињо, Жоао Мендеш успеал да ги импресионира лицата задолжени за барање на таленти во бразилскиот тим Крузеиро.
13 годишниот Жоао Мендеш се покажал во одлично светло на тест периодот кој го имал во тренинг кампот на бразилскиот тим.
Интересно е тоа што младиот фудбалер не сакал во клубот да знаат кој му е татко за да не му дадат шанса само затоа што е син на големиот Роналдињо. Наводно Жоао Мендеш ги импресионирал лицата во Крузеиро, и ќе остане да работи во младинскиот погон на овој тим, а штом наполни 16 години ќе го добие и првиот договор од Бразилците.
Претходно 13 годишниот фудбалер кој поседува несомнен квалитет бил дел од тренинг кампот на ПСЖ во Бразил.