Сите во Баерн уверени: Не е крај на првенството…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минхенски Баерн вчера славеше во Хановер и продолжи со серијата добри игри.

Со победата од 0-4 Баварците потврдија дека кризата во која беа е поади нив, а претседателот на клубот тврди дека после серијата победи, атмосферата во клубот е поопуштена.

„Тренерот е максимално опуштен, а таква е и моменталната ситуација во клубот. Кризата е веќе позади нас, а ако добри ги одработиме и последните два натпревари за оваа година, можеме да го прославиме Божил во мир. Се надевам дека после паузата повторно ќе нападнеме“, изјави Ули Хенес.

„Дури и со девет бодови минус се е отворено. Се надеваме на победничка низа и пад на Борусија“, рече играчот на Баерн Леон Горецка.

Тој и Џошуа Кимих се уверени дека можат да стигнат до титулата првак.

„Секогаш верував и секогаѓ ќе верувам во освојување на титулата“, прокоментира Кимих.

Баерн очигледно влезе во период на добра атмосфера и ако така остане Борусија ќе има голема конкуренција, иако разликата во Бодови е прилично голема.