Сите зборуваат за мајсториите на Меси, но голот на Суарез е вистинска магија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа на гости го победија Бетис на крилјата на одличните Меси и Суарез.

Меси ја остави без текст фудбалската јавност со синоќешната престава во која постигна три гола, а не се знае кој е подобар. Аргентинецот на крајот доби аплаузи од навивачите на Бетис после спектакуларниот гол за конечни 4-1.

Меѓутоа, тотално во сенка остана голот на Суарез кој беше вистинско ремек дело.

Но, Суарез на крај мораше да излезе од игра поради повреда и сеуште не е познато колку време ќе биде надвор од терените. За Барса неговата повреда доаѓа во најлош можен момент, бидејќи следат натпревари од 1/4 финалето од ЛШ против Манчестер Јунајтед.