Сити го наградува Де Брајн


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Кевин Де Брајн ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити со кој што ќе заработува по 200.000 фунти неделна плата.

Челниците на Манчестер Сити се решија на ваквиот чин се со цел да го задржат белгискиот репрезентативец за кого постои сериозен интерес  од Реал Мадрид и ПСЖ.

Моменталниот договор на Де Брајн истекува во 2021 година, а со него офанзивниот играч заработува 115.000 фунти неделна плата што значи дека со новиот договор одличниот фудбалер ќе заработува речиси двојно повеќе.