Сити за новите имиња: Мисијата по две години, следното лето ќе го има својот финиш!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува „ЕСПН“, Барселона е многу блиску до ангажман на играчот за врска на мадридски Атлетико, Саул Нјигез.

„Граѓаните“ веќе некое време бараат замена за 34-годишниот Фернандињо, не успеаа да го донесат Жоржињо, кој заврши во Челси и Фред, кој на крајот потпиша за градскиот ривал, Јунајтед.

Две години бараат вистинско решение, изгледа дека го пронајдоа во Саул, за кој како што се наведува е заинтересирана и Барселона.

Сепак, Каталонците добија информација дека Сити веќе ги направил првите чекори за ангажманот на шпанскиот репрезентативец и тоа официјални, па се откажале од намерата да го преселат во своите редови.

Така за актуелниот шампион на Англија се отвори пат кон играчот за врска на Атлетико, кој клубот од „Ванда Метрополитано“ како што се наведува го проценува околу 120 милиони фунти.

Се верува сепак, дека би прифатиле и 80 милиони фунти, што по се судејќи Сити е подготвен да ги плати.