Сити за половина час го понижи Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити успешно го продолжува патот кон титулата во Премиер лигата откако денес лесно го совлада тимот на Арсенал со 3:0.

Се очекуваше избраниците на Гвардиола да поминат потешко на „Емирати“ но тие во првите 30 минути ја завршија работата откако три пати ја тресеа мрежата на Петр Чех.

Најпрво во 15. минута Бернардно Силва со одличен гол го отвори резултатот. Следниот гол беше постигнат во 28. минута преку другиот Силва, Давид.  Работата беше завршена во 33. минута кога Сане погоди за 3:0.

Арсенал имаше шанси на овој натпревар, но не успеа да ги искористи. Најголемата ја имаше Обамејанг во 53. минута кога не успеа да реализира удар од белата точка.

Со овој пораз Арсенал се наоѓа на дури десет поени од четвртата позиција која води во Лигата на шампионите и возможно е „топчиите“ втора сезона со ред да не го видат најелитното европско натпреварување.