Сити и „врати“ на Барселона: Голем пресврт на Арсенал!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Арсенал по голема борба и голем пресврт стигна до победата во гости кај Лудогорец додека ПСЖ освои 3 бода во Базел.

    Одличен н атпревар одигран е во Бугарија, каде што Лудогорец водеше со 2:0 против Арсенал, но на крајот тие беа поразени.

    Кафу и Кесери погодуваа за Лудогорец во првите 15 минути, но до полувремето тимот на Арсенал успеа да се врати. Најпрво во 20-та минута Џака погоди за 2:1, а Жиру во 42-та минута го израмни резултатот. По лудите 45 минути , Озил погоди за пресврт на Англичаните.

    Базел не успеа да остане непоразен во натпреварот против ПСЖ. Матуиди во 43-та минута погоди за водство на ПСЖ. Но набрзо Зуфи израмни на 1:1. На самиот крај на натпреварот тимот на ПСЖ погоди за 2:1.

    Сити и Барселона одиграа возбудлив натпревар во дербито вечерва. Барселона водеше по одличната контра на Нејмар и Меси во 21-та минута.

    Сити успеа да се врати во 39-та минута со голот на Гундоган. До крајот на полувремето немаше многу промени, но затоа во 51-та минута Де Брујн му донесе пресврт на Сити со гол, а конечниот резултат го постави Гундоган.

    По 4 одиграни кола, ПСЖ и Арсенал имаат по 10 бодови, а Базел и Лудогорец по 2 бодови и веќе се знае кој оди понатаму.