Сити купува фудбалер од Сплит: Хајдук добива осум милиони евра за тинејџер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новата фудбалска ѕвезда пристигнува од Хајдук, откако младиот Анте Палаверс ќе се пресели во Манчестер сити, а екипата од Сплит ќе добие осум милиони евра.

Палаверс на „Полјуд“ ќе остане до крајот на сезоната, а во лето ќе се пресели во Манчестер.

Фудбалерот на Хајдук е капитен и на репрезентацијата на Хрватска до 19 години и во својата земја важи за еден од најголемите таленти, а тоа го забележа Пеп Гвардиола.

Наводно, Палаверс еден ден би требало да го наследи првотимецот Фернандињо.