ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
И додека анлиските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека Лионел Меси во најкратко време ќе се пресели во Манчестер Сити, шпанските медиуми денеска тврдат дека Аргентинецот од Барселона ќе се пресели во лутиот ривал на Сити, односно во Манчестер Јунајтед.
Причината зошти сите најавија дека Меси ќе си замине од Барселона е дека Аргентинецот одби да го продолжи договорот со Барселона, кој истекува во 2018. година.
„Sport“ тврди дека Жозе Мурињо има неверојатен план со Адидас за Меси да го донесе на „Олд Трафорд“:
За почеток, Јунајтед е подготвен да му плати 100 милиони евра на Меси само да не потпише нов договор со Барселона. Се додека тој се уште е играч на каталонскиот гигант.
Меси така би добил огромни пари и од Јунајтед и од Барселона истовремено, но тоа не се чини како лесно изводливо, иако Меси е клиент на Адидас, Барселона има договор со Најк.