Сити славеше во дербито со Наполи


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити продолжи со одличните партии победувајќи го и тимот на Наполи.

Избраниците на Пеп Гвардиола стигнаа до два брзи гола преку Стерлинг во 9. минута и Жезус кој погоди во 13. минута.

Гостинскиот Наполи имаше голема шанса во 38. минута да го намали резултатот, но ударот од белата точка не го реализираше Дрис Мертенс. Наполитанците го намалија резултатот во вториот дел, откако Диавара овој пат беше поуспешен од Мертенс при изведување на удар од белата точка.

Шахтјор со играч помалку успеа да слави на гостувањето кај Феенорд во Холандија. Бергуи ги донесе домаќините во водство уште во 8. минута од натпреварот. На 1:1 изедначи Бернард на средината на првиот дел. Конечниот резултат го постигна истиот играч во 54. минута.

Екипата на Шахтјор од 75. минута играше со играч помалку по исклучувањето на Ракитски, но тоа не го искористи тимот на Феенорд.