Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Од раководството на Манчестер Сити се во постојана потрага по долгорочна замена за Фернандињо кој е прв избор на Гвардиола, но е во зрели фудбалски години и наскоро планира да стави крај на кариерата.
Токму затоа, Гвардиола и стручните лица составиле список на потенцијални засилувања од средниот ред, а меѓу главните фаворити е играчот на Шалке, Себастијен Руди.
Руди пристигна во Гелзенкирхен ова лето од Баерн Минхен и е незаменлив во таборот на Шалке 04.
За неговите услуги Сити ќе треба да плати околу 35 милиони фунти, а „Сан“ пренесува дека можно е да се случи Германецот да стигне на „Етихад“ уште во овој јануари како позајмен фудбалер.