Сити ќе мора да се потруди: Реал Мадрид сака вистинско богатство за свој играч!?


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Манчестер сити имаше план да го ангажира Матео Ковачиќ, но Реал Мадрид не сака лесно да се откаже од својот фудбалер.

„Кралевите“ одлучија за играчот, кој не е стартер, да постават цена од 80 милиони евра, а тоа е премногу и за богатите „граѓани“, чиј тренер Пеп Гвардиола долго време го следи Ковачиќ.

Хрватот во 2015. година стигна во Мадрид, трипати ја освои Лигата на шампиони, а вкупно освои девет трофеи. И самиот верува дека би можел да добие вистинска шанса кога Хулен Лопетеги го презема тимот.

Дали ќе се обидат „граѓаните“ да испратат сума блиску до бараната од „кралевите“, останува да видиме во следниот период.