Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турција испадна од Лигата Б, во рамки на Лигата на нациите по поразот од Шведска со 1:0 на домашен терен, но планира да поднесе жалба.
Сето тоа го поттикна шведскиот репрезентативец и добро познато име Маркус Берг, кој истакна дека судијата им ветил дека ќе досуди пенал.
„На полувреме отидов кај судијата за да се покажам дека не ни досуди пенал по прекршокот направен врз мене. Ми кажа: Ќе ја погледнам ситуацијата во соблекувалната. Ако сум погрешил, ќе ви дадам два пенали во второто полувреме“, го раскажа разговорот со судијата, Берг.
Романскиот судија подоцна досуди пенал за гостите, од кој Андреас Гранквист го постигна одлучувачкиот погодок во 71. минута.