Скандал во Лигата на нации: Судијата ми вети два пенали!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шведскиот репрезентативец Маркус Берг даде „скандалозна“ и глупава изјава по победата на неговата селекција (1-0) на гостувањето кај Турција.

Берг во интервју за шведските медиуми откри детали од разговорите со романскиот судија Иштван Ковач на полувремето по што се појавија многу сомнежи за конечниот резултат.

„Протестирав поради фактот дека во првото полувреме не досуди пенал, а потоа ми вети дека ќе ја погледне снимката, па ако види дека сум бил во право, тогаш ќе ни даде два пенали во второто полувреме“, кажа Берг.

За да биде уште полоша ситуацијата за нив, во 71. минута, токму по прекршокот беше досуден пенал за Шведска, кој Гранквист го претвори во гол.

Турската фудбалска федерација планира да го пријави случајот до УЕФА за да се почне дисциплинска постапка. Секако, тешко може да се очекува промена на резултатот.