Скандал во репрезентацијата на Србија, за малку тепачка по мечот со Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веднаш по натпреварот Србија-Шпанија на Европското првенство за млади играчи во Полска за малку ќе дојдело до физички контакт меѓу селекторот на Србија, Ненад Лалатовиќ и напаѓачот Огнен Ожеговиќ.

Лалатовиќ го повикал Ожеговиќ на загревање кое траело 40 минути, но се решил да не го уфрли во игра. Тоа го изнервирало напаѓачот на Чукарички кој влегол во вербален конфликт со селекторот, а луѓето околу нив спречиле и физички контакт.

Дека има вистина за преписката помеѓу Ожеговиќ и Лалатовиќ потврди и спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ кој изјави: „Можам да кажам само што се случи од моментот кога влегоа во тунелот, но не и порано, зошто не бев крај клупата во тој момент. Ја видов расправијата, прашав за што станува збор. Ожеговиќ рече дека не е во ред тренерот да го загрева 40 минути а да не го уфрли во игра. На тоа Лалатовиќ рекол дека тој е тренер и дека тој одредува кој да внесе во игра“.

Србија првенството го заврши со идентичен скор како нашата репрезентација, еден бод од три одиграни натпревари.