Скандал во Хрватска: Претепан тренерот на Динамо Загреб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Динамо Загреб, Марио Цвитановиќ синоќа е претепан пред својата зграда веднаш по натпреварот што неговиот тим го играше против Борац од Имбриовец во рамките од Купот на Хрватска.

Цвитановиќ бил пречекан од двајца непознати напаѓачи околу 20 часот. Напаѓачите на себе носеле фантомки и со бејзбол палки тешко го повредиле.   Според првите информации Цвитановиќ заработил фрактура на раката и уште неколку телесни повреди, а доцна синоќа е пуштен на домашно лекување.

Со официјално соопштение се јавија и од фудбалскиот клуб Динамо Загреб:

„Динамо Загреб е згрозен и запрепастен со овој чин и најостро го осудува физичкиот напад на тренерот Цвитановиќ кој лесно можеше да заврши со трагични последици.

За жал, ова е само продолжение на се она што се случува во последно време кога, сосема очигледно е целосно легализирано насилството кон лицата од нашиот клуб. Почнувајќи од нападот на советникот на клубот Здравко Мамиќ во Брач, а потоа и вооружениот напад и обидот за убиство во Томиславград, па се до вчерашниот физички напад на тренерот Цвитановиќ пред неговиот стан“- стоеше во соопштението на Динамо Загреб.

Како што пишуваат медиумите во Хрватска напаѓачите се разбегале кога Цвитановиќ почнал да свири од својот мини купер по што луѓето од околните згради притрчале на помош.