Скандал: Долгогодишниот член на Серија А во новата сезона влегува со минус од 15 бодови


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нов скандал го тресе италијанскиот фудбал. Во период на голема неизвесност во овој момент е славниот клуб од Верона, Киево, кој долги години е дел од најелитниот фудбал во Италија.

Имено, Федералното обвинителство побарало драконска казна за „Летечките магариња“, т.е во новата сезона да влезат со дури 15 бодови негатива. Обвинителството исто така побарало тригодишна забрана за извршување на било какви функции за претседателот на клубот, Лучо Кампедели поради фиктивни зараобтки на трансфери на фудбалери.

Ако ова барање биде прифатено, тоа значи дека Киево веројатно ќе испадне од Серија А со оглед дека во новата сезона ќе влезе со минус од 15 бодови.