Скапиот Вардар на колена во Автокоманда – Металург го обои Скопје во сино


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ракометарите на Металург во спортската сала во Автокоманда го победија Вардар во натпревар од првото коло во плеј-офот, 29:26.

Во првото полувреме избраниците на Лино Червар играа одлично и на полувреме заслужено заминаа со два погодоци предност, 15:13. Вардарци успеаа да се вратат во второто полувреме и да направат пресврт. Металург набрзина се врати и со серија погодоци го врати водството.

Десет минути пред крајот на натпреварот домашните ракометари имаа водство од два погодоци, 24:22. Ракометарите на Металург го задржаа водството до крајот на натпреварот и победија со 29:26.

Немања Обрадовиќ со 10 погодоци го предводеше Металург до победа. Иван Чупиќ со шест погодоци беше најефикасен во тимот на Вардар.