„Скај Италија“ јавува: Манчестер Јунајтед притиска за трансфер на српски дефанзивец


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе испрати јануарска понуда за фудбалерот од одбраната на Фиорентина, Никола Миленковиќ.

21 годишниот фудбалер е редовен во тимот од Фиренца и константно покажува солидни настапи, постигнувајќи два гола во Серија А до сега.

„Скај Италија“ дознава дека Жозе Мурињо бил заинтересиран да го донесе Миленковиќ во јануари со цел да ја зацврсти одбраната која прими дури 21 гол на 12 натпревари во Премиер лигата.