„Скај Спортс“ пренесува вест која сигурно ќе им се допадне на фановите на Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најугледниот британски спортски медиум, „Скај спортс“ пренесува дека од таборот на Манчестер Јунајтед се во напредни преговори со Ентони Марсијал околу продолжување на соработката.

Челните лица на „ѓаволите“ веќе неколку месеци дискутираат за продолжување на соработката со францускиот фудбалер, а во последниов период преговорите се интензивирале.

Наводно, на Марсијал му бил понуден нов долгогодишен договор кој би го задржал на „Олд Трафорд“ до 2023 година.

Ова е уште еден доказ дека работите помеѓу Мурињо и управата не функционираат баш најдобро со оглед на фактот што Португалецот бараше продажба на крилниот фудбалер незадоволен од неговото залагање.

Марсијал целосно се загуби по пристигнувањето на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“ и многу ретко од Мурињо добива шанса да се докаже.