Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличното дерби помеѓу Челси и Манчестер јунајтед (2-2) остана во сенка на случувањата во финишот на дуелот, откако тренерот на гостите Жозе Мурињо тргна да се тепа со стручниот штаб на клубот од Лондон.
Португалецот сакаше да се пресмета со помошниот тренер на Челси, Марко Јани, кој пред него го прослави израмнувањето.
Инцидентот беше спречен, а Јани потоа му се извини на Мурињо, но Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) реши да почне дисциплинска постапка.
Тој е обвинет за непримерно однеусвање, па ќе видиме дали ќе добие казна и колку голема ќе биде истата.
BREAKING: FA charge @ChelseaFC coach Marco Ianni with alleged improper conduct following goal in the 96th minute of game against @ManUtd. #SSN pic.twitter.com/Dl0mfjPdES
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 22, 2018