Сколс го следи примерот на Солскјер: За прв пат во кариерата седнува на клупата на англискиот тим


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ дознава дека Пол Сколс е прв фаворит за тренерската позиција во редовите на Олдам, тим кој се натпреварува во четвртата лига во Англија.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед е еден од четворицата кандидати со кои клубот разговарал за менаџерската позиција.

Познато е дека Сколс е фан на тимот на Олдам уште од мали нозе и исто така беше интервјуиран за оваа работа во октомври 2017 година, но тогаш на клупата седна Ричи Валенс.

Олдам во моментов се наоѓа на 12 позиција во „Лига Ту“, пет поени оддалечен од позициите кои водат во плеј-офот.

Пол Сколс нема тренерски ангажман во кариерата, а единствено му помагаше на Рајан Гигс во Манчестер Јунајтед кога Дејвид Мојс заработи отказ пред четири години.