Сколс: Јасна е причината зашто Де Хеа сака да замине во Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер Пол Сколс изјави дека е разбирливо зошто Де Хеа сака да се пресели во Реал Мадрид.

Манчестер Јунајтед прави се за да го задржи во својот состав, па веќе му понуди и нов договор, со кој ќе стане најплатен голман во ПЛ, но Сколс тврди дека се зависи од Реал Мадрид.

„Јасно е дека Јунајтед ќе се обиде да направи се за да го задржи во клубот, но тоа ќе биде многу тешко ако Реал покаже интерес. Станува збор за најдобриот голман во светот, а ако го сака Реал, јасно е дека тој ќе сака да се пресели во Мадрид“, вели легендарниот играч.