Сколс: Јунајтед е ужасен, не заслужија да го победат Јанг Бојс!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс го критикуваше тимот, откако тие победија со 1-0 против Јанг Бојс и се пласираа во нокаут-фазата.

Стрелец на решавачкиот гол беше Маруан Фелаини во 91. минута, но Сколс ја спореди таа игра со таа со Севилја на „Олд Трафорд“ минатата сезона кога Јунајтед загуби со 1-2.

„Мислам дека беа ужасни. Посебно во второто полувреме. И мислам дека ќе загубеа доколку играа против посилен тим. Им недостигаше квалитет на теренот“, кажа Сколс.

Во следното коло од Премиерлигата, Јунајтед гостува кај Саутемптон во сабота од 18.30 часот.