Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одиграа четири натпревари од 25-то коло во втората македонска фудбалска лига.
Најинтересен беше натпреварот на Железарница каде Скопје играше против Новаци во директна борба за првата лига. Домашните победија со 2:1 и се прволигаши.
Христијан Грозданоски погоди за водство на Новаци, но пред крајот на првото полувреме Дарио Десниќ го израмни резултатот, 1:1. Јунакот на Скопје беше Дарко Ѓурчиновски кој донесе победа и пласман во првата лига, 2:1.
Тиквеш на гости го победи Металург, 0:1.
Симеон Симонов го постигна победничкиот погодок за гостите.
Вардар Неготино и Тетекс ремизираа, 1:1.
Иван Ивановски погоди за водство на Вардар Неготино. Седум минути пред крајот на натпреварот резервата Томас Тасос донесе бод за Тетекс, 1:1.
Академија Пандев на домашен терен го совлада Еуромилк, 2:0.
Александар Мишов погоди во првото полувреме за пандевци. Конечните 2:0 ги постави резервата Драган Начевски девет минути пред крајот на натпреварот, 2:0.