Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Поранешниот македонски репрезентативец Славчо Георгиевски е приклучен во стручниот штаб на тренерот на Работнички, Виктор Треневски.
Георгиевски од оваа сезона е прекомандуван и ќе работи како асистент на Треневски, а претходно 18 месеци беше дел од младинската школа на Работнички.
Георгиевски во својата кариера има 20 настапи за репрезентацијата на Македонија, а со успех ги носеше дресовите на Нефчи Баку и Интер Баку.
Работнички утре против Ренова ја стартува сезоната во Првата македонска фудбалска лига.