Слатки им се милионите: Уште една поранешна легенда замина во Кина

Рикардо Карваљо кариерата ќе ја продолжи во Шангај, тим кој неодамна го донесе Оскар во своите редови.

Карваљо зад себе има богата кариера во Европа и сигурно ќе претставува добро засилување за Шангај, кој во свои редови го има и Хулк.

Кариерата ја започна во Порто, а во 2004 година се пресели во Челси. По 6 сезони поминати во Лондон, тој играше уште три за Реал мадрид, а последните 3 ги помина во Монако.

Сега одлучи дополнително да ја наплати фудбалската кариера, па прифати понуда од Кина.