Следуваат тешки натпревари, а Милан е во големи проблеми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По добриот почеток на сезоната во Серија А, Милан постојано се лизга надолу по табелата и сега се наоѓа на 7-мо место.

Последниот удар на Милан им го зададе Удинезе кој ги победи со 2:1.

Италијанските медиуми пишуваат дека Милан во наредниот месец ќе биде без 2 фудбалери, Бонавентура и Де Шиљо.

Тие играчи денес ќе бидат испратени на дополнителни тестови по кои ќе се знае нивната тежина на повредите, но скоро сигурно е дека нема да можат да играат во неколку наредни натпревари.

Милан во Серија А има тежок распоред и во наредните 5 кола игра против Сампдорија, Болоња, Лацио, Фиорентина и Сасуоло.