„Следува целосно поинаква сезона“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер очекува наредната сезона да биде целосно различна од претходната.

    Тие минатата година изгубија во финалето од Кливленд, кои ги победија една година претходно.

    „Во мојот ум ова е целосно поинаква сезона, поинаков пристап. Многу поекспериментален. Додека минатата година бевме завршен производ уште од првиот натпревар. Бевме истиот тим кој ја освои титулата. Навивачите не треба да се сконцентрираат колку победи ќе направиме, туку на колку ќе изгледаме поинаку од првиот месец до последниот.“

    Голден Стејт ова лето донесе едно големо засилување, стигна еден од најдобрите играчи, Кевин Дурант.

    Новата НБА сезона започнува на 25-ти октомври.