Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Милан и Јувентус вечерва играат во Саудиска Арабија за трофејот во италијанскиот Суперкуп од 18.30 часот.
Милан најверојатно ќе игра ослабен во дуелот против Јувентус, зашто Гонзало Игуаин наводно тргнал кон Лондон и нема да настапи во Суперкупот.
Дека нешто се подготвува покажува и фотографијата на Твитер на Милан, на која се забележува цел тим на Милан, освен Игуаин.
Италијанските медиуми пишуваат дека Игуаин патува кон Лондон, каде што треба да има медицински прегледи и ќе потпише за Челси.