Сликичка од Мајкл Џордан продадена на аукција за – огромно богатство! (ФОТО)


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Мајкл Џордан е еден од најдобрите кошаркари во историјата, а според многумина и најдобар, но едно е сигурно, а тоа е дека никогаш нема да биде заборавен поради своите настапи.

Џордан последниот меч го одигра на 16 април 2003 година, па има постигнато многу рекорди, а еден го постигна дури 16 години откако се пензионираше.

Кошаркарот во кариерата го предводеше Чикаго булс до шест шампионски титули, а секој кој има фотографија од нивната доминација со неговиот лик, сега би можел да добие богатство.

Сликичка на Џордан од 1997 година на аукција била продадена за неверојатни 350.100 долари, па така беше испишана историја, зашто тоа е најскапата сликичка продадена преку интернет-продажба.