Слободен влез за натпреварот Работнички- Перм


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимот на Работнички во среда го игра возвратниот натпревар во рамките од ФИБА Еврокупот против Парма Перм.

Натпреварот е со почеток во 19:30 часот во спортскиот центар „ВИП Борис Трајковски“, а од таборот на Работнички информираат дека влезот за средбата ќе биде слободен.

На првиот натпревар во Русија тимот предводен од Марин Докузовски претрпе убедлив пораз со 88:63.

Соопштението на Работнички ви го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Во врска со возвратниот натпревар во рамките на Фиба Еврокупот кошаркарскиот клуб Работнички АД Скопје ве информира дека реванш дуелот со рускиот претставник Парма Перм ќе се одигра на 27.09.2017 (среда) со почеток во 19:30 часот во спортскиот центар ВИП Арена Борис Трајковски.

За таа цел клубот реши влезот да биде слободен и ги отвара вратите на спортскиот центар ВИП Арена Борис Трајковски за претстојниот натпревар. 

КК Работнички ги повикува сите искрени фанови и симпатизери на клубот да ги исполнат трибините на спортскиот центар и официјално да означиме почеток на новата натпреварувачка сезона 2017/2018 пред домашната публика.