Словенецот продолжи да блеска: Дончиќ се запиша во историјата на НБА (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во највозбудливиот натпревар синоќа Далас пред својата публика ја победи Оклахома со 105-103, а уште еден одличен натпревар одигра словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Дончиќ не престанува да ја воодушевува американската јавност со своите настапи, па Дончиќ беше најефикасен во својата екипа со 25 поени, а притоа имаше и седум асистенции, три скока и една украдена топка.

Дончиќ така стана прв „роки“ во последните 30 години, кој во најмалку 20 натпревари пред Нова Година постигнал повеќе од 20 поени.