Словенија го пронајде наследникот на Катанец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Словенија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија кое ќе се игра во 2018 година.

Нивниот, сега веќе поранешен селектор, Среќко Катанец уште по поразот од Англија најави дека натпреварот против Шкотска ќе му биде негов последен на клупата на „Змајчеките“.

Фудбалскиот сојуз на Словенија сега забрзано работи во потрага по негов наследник, а како што пишуваат медиумите во оваа земја главен кандидат за селекторската позиција е легендарниот хрватски фудбалер Роберт Просинечки.

Со Просинечки наводно веќе е постигнат устен договор и се очекува Хрватот во следните денови да пристигне во Љубљана за да ги финализира деталите околу договорот.

Роберт Просинечки последно беше селектор на Азербејџан, а по крајот на овие квалификации му истече договорот и тој нема да биде продолжен.