Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Досегашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, кариерата ќе ја продолжи во јапонски Саган Тосу, со кој ќе потпише двегодишен договор.
Таа информација беше објавена на официјалниот сајт на јапонската лига, но набрзо беше тргната. Сепак, во меѓувреме многу медиуми во светот ја пренесоа информацијата.
Наводно, 34-годишниот напаѓач ќе заработува 80.000 евра неделно, а Шпанецот ќе тргне по стапките на Андрес Иниеста, кој потпиша за Висел Кобе.















