Случајот „Рамос“ отвори нови сомнежи: Ќе се истражува и суспензијата на фудбалерот на Валенсија…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жолтиот картон на Серхио Рамос во финишот на средбата со Ајакс кој значеше автоматска суспензија во реваншот предизвика бура од реакции ширум Европа.

Капитенот на Реал по мечот дури и призна дека тоа „не е случајно“, за подоцна да ги демантира своите зборови.

УЕФА тоа не му го прогледа низ прсти, па по најновите кадри каде ја прашува клупата на Мадриѓаните дали да добие жолт картон, Рамос има причина да стравува.

Од таа причина би можел да ги загрижи и фудбалерот на Валенсија, Џефри Кондогби кој ќе паузира по мечот кој во Глазгов го доби Валенсија со 2:0.

Европската куќа на фудбалот покрена постапка против репрезентативецот на Централноафриканската република бидејќи постои сомнеж дека намерно заработил картон, па останува да се види каква ќе биде одлуката на луѓето од Нион.