Снајдер им заби нож во грбот на навивачите на Интер


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Големото градско дерби „Della Madonnina“ помеѓу Милан и Интер ќе се одигра вечерва на „Сан Сиро“ во рамките на 13. коло од италијанската Серија А.

    Пред вечерашниот натпревар се огласи и поранешниот играч на Интер, Весли Снајдер, кој во моментов игра во дресот на Галатасарај. Холандскиот фудбалер со Интер освои тројна круна во 2010. година, но поради конфликтот со менаџерот го напушти клубот.

    Снајдер се огласи пред вечерашниот натпревар, но со својата изјава доста ги налути навивачите на Интер. Холанѓанецот изјави дека во Интер уживал, и дека го оставил срцето во овој клуб, но дека неговиот детски сон му бил да заигра во дресот на Милан.

    „На Интер му дадов се, го оставив моето срце во тој клуб, но не заврши како што треба. Морам да признаам дека мојот сон беше да играм за Милан и би сакал еден ден да се вратам во Италија и да заиграм за Милан. Не верувам дека ќе се вратам во Интер и како што реков, желба ми е да заиграм за Милан пред да ја завршам кариерата“, изјави Снајдер.