Снегот прави проблем и во Англија, се откажуваат мечевите од Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постои можност сите натпревари од Премиер лигата што на програмата се утре да бидат откажани поради снегот и ладното време.

Официјалните лица ја разгледуваат можноста и будно ја следат ситуацијата, а конечната одлука ќе биде донесена утре.

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс веќе истакна дека неговиот тим би имал тешкотии да стигне до Велс каде треба да игра против Свонси. Во Саутемптон исто така има снег, па одигрувањето и таму е под знак прашалник.